Децата со посебни потреби или со пречки во развојот може да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата ако родителите или старателите приложат лекарска потврда за нивната состојба, одлучи Владата на 112 седница.

Владата ја прифатила и препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација. Но, останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12-годишна возраст нагоре.

Фото: Извор Youtube

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.