Ученици во Гевгелија создаваа приказни и добија дипломи

Дипломи за најдобро оценети прозни творби кои произлегоа од креативната работилница „Создавам приказна“ им беа доделелни на учениците во просториите на библиотекате „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Наградени беа творбите: „Волшебните приказни на Барбара“ од Костадин Узунов, „Остварениот сон“ од Магдалена Стамкова и „И девојчињата играат фудбал“ од Ирина Алчинова.

На работилницата, во менторство на Елизабета Инадеска-Ефремова учествуваа уште 10 ученици во основните училишта на територијата на Општина Гевгелија. Творбите ги оценуваше жири во кое членуваа Станка Бајлозова-Барламова, Тони Аврамов и Стефчо Стефанов.

Сподели