Учесниците на „ПРО-ЗА Балкан“ ќе читаат од своите дела

На третиот и последен ден на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва со почеток во 20 часот во Даут-пашиниот амам, писателите-учесници ќе читаат извадоци од нивните дела. Ќе можеме да слушнеме избор на: Дамир Каракаш, Владислав Бајац, Елена Алексиева, Томислав Османли, Броња Жакељ, Рајко Грлиќ, Пијан Славеј.

Во сеќавање на Луан Старова, неговата ќерка Дита Старова-Ќерими ќе биде прочитан и извадок од негово дело. Публиката ќе може да слушне и видеообраќање од добитничката на наградата „Прозарт“, Оливера Николова.

 

Сподели