Ученици од основното училиште „Климент Охридски“ од Прилеп, заедно со нивната наставничка по македонски јазик, вечерва во 18 часот организираат виртуелно литературно читање. Настанот е по повод 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
На фејсбук-страницата „Мојата училница“ ќе можете да слушнете песни на: македонски јазик, турски јазик, ромски јазик, српски јазик, влашки јазик, албански јазик и кинески јазик.





