Учебната година за основците ќе заврши на 14 јуни, за средношколците – на 9 јуни

Учебната година за учениците од основните училишта ќе заврши на 14 јуни, а за средношколците – на 9 јуни, велат од Министерството за образование и наука. Измената е објавена со Календарите за изменување за организација и работа на основните и јавните средни училишта. Второто полугодие од наставната 2022/2023 наместо на 18, почна на 23 јануари. Според календарот за работа во образованието, до крајот на учебната година треба да се одработат 180 наставни денови.

Матурантите ќе полагаат државна матура на 27 мај и 10 јуни, објави Државниот испитен центар. На 27 мај ќе се полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на 10 јуни математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

 

Сподели