Трпчески и Венгеров со концерт за паметење во „Карнеги хол“

Ѕвездениот тандем – пијанистот Симон Трпчески и виолинистот Максим Венгеров завчеравечер на нозе го кренаа и славниот „Карнеги хол“ во Њујорк. На оваа станица на турнејата на двајцата маестра, ги дочека публика со овации и бурни аплаузи.
– Одлична атмосфера во салата во Карнеги хол. Чувството е одлично што повторно сум овде во оваа прекрасна сала, заедно осо легендарниот музичар Максим Венгеров – рече Трпчески.
На настапот во Њујорк му претходеше голем концерт на двајцата музичари во славната сала „Барбикан“ во Лондон.

Сподели