Тројца средношколци ќе ја претставуваат Македонија на глобалните MOS/ACA натпревари

Тројца средношколци ќе ја претставуваат Македонија на светските MOS/ACA (Microsoft Office Specialist/Adobe Certified Associate) натпревари што ќе се одржат во ноември. Лука Стојановиќ од „Наце Буѓони“ од Куманово, Леонтина Пауновска од „Георги Димитров“ и Бодан Костов од „Орце Николов“ од Скопје остварија најдобри резулатати на националните натпревари кои се одржаа во рамките на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13 до 22 години во земјава кој по шести пат го организираше „Certiadria“. Во ноември тие ќе се вклучат во глобалниот натпревар каде активно учествуваат повеќе од 120 земји во светот.

Поради мерките за заштита од ковид-19 квалификациските натпревари се одржуваа онлајн, а финалето се одржа во „Семос едукација“ каде се натпреваруваа најдобрите 15 финалисти.

– Им честитам на тројцата победници за освоените пласмани и им посакувам успех на светскиот натпревар. Сите учесници кои ги положија испитите се стекнаа со меѓународни сертификати, со што го потврдија достигнатото ниво на дигитална писменост и вештини неопходни за понатамошен успех и кариерен развој – рече Марко Серафимовски, директор на „Certiadria“.

Натпреварите ги поддржаа Град Скопје и Општина Куманово.

Сподели