Со тркалезна маса на тема „Превод/комуникација/разбирање“ денеска во 16 часот во Europe House Скопје продолжува Фестивалот на европската литература „BookStar“/„Книжевни ѕвезди“ што го организира издавачката куќа „Антолог“. Учествуваат: Елена Конеска-Светиева, Лидија Танушевска, Петар Андоновски, Марина Вујчиќ и Михаела Гашпар (Хрватска), Oгнен Спахиќ (Црна Гора) и Соња Должан (Словенија). Модератор е Владимир Јанковски.

Во 17 часот во киното „Фросина“ е закажан поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Миодраг Мајиќ (Србија). Во 19 часот ќе се одржи презентација на книгата „Педесет цигари за Елена“ од Марина Вујчиќ. Промотор е Фросина Пармаковска, а модератор – Александра Јуруковска. Таа ќе ја води и следната презентација од 20 часот, на „Часовничарот“ од Михаела Гашпар, што ќе ја промовира Наташа Аврамовска.

Во 21 часот во „Фросина“ ќе се одржи книжевното читање „Ти реков – ми рече“ на кое ќе учествуваат: Ана Голејшка-Џикова, Владимир Лукаш, Катерина Гогова, Славчо Ковилоски, Билјана Црвенковска, Митко Апостолов, Сања Михајловиќ-Костадиновска и Балсор Хољџа од Косово. Модератор е Снежана Стојчевска. Следува забава во бифето во МКЦ со музика по избор на Михаела Гашпар.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.