Триесет години творештво и дваесетта книга поезија на Јовица Ивановски

Во новиот „Лабораториум“ (Ул. „12 Македонска ударна бригада“ бр. 2а), на паркингот позади Градската болница во Скопје (некогашен „Јукан“), вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Ситна боранија“, од Јовица Ивановски. Книгата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш. Авторот, воедно, прославува и двоен јубилеј: триесет години творештво и дваесетта книга поезија.

Јовица Ивановски (Скопје, 1961) е автор на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Сподели