Тридневна посета на наставници од Франција во рамките на Еразмус+

Во рамките на возвратната посета на академскиот регион Бургоњ-Франш-Конте од Франција и партнерството помеѓу средните училишта во Скопје и во Дижон, претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност зборуваа детаљно за правилата во креирањето добри апликации во Клучна акција 1 и Клучна акција 2 во рамките на програмата Еразмус+. Присутните наставници и претставници од двете земји се информираа за приклучување и на ЕТвининг плаформата. Тридневната работна посета заврши успешно со неформално дружење и вмрежување во Француската резиденција.

– Меѓуинституционалната соработка и заедничкото работење на реализација на иницијативи кои го подобруваат нашето образование особено не радуваат и сме среќни што продолжуваме да грдиме мостови преку програмата Еразмус+ – велат од Националната агенција.

Ова е втора година од успешната соработка помеѓу Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Француски институт во Скопје и Амбасадата на Франција во нашата земја.

Сподели