„Зачувување на аудиовизуелното наследство“ – голема трибина на „Златна рамка“

„Зачувување на аудиовизуелното наследство“ е насловена големата трибина на која ќе говорат врвни професионалци во областа, а ќе биде одржана утре (20 јуни), во 12 часот во Младинскиот културен центар, во рамките на филмската ревија посветена на новиот македонски филм „Златна рамка“. Последниот ден од ревијата ќе биде во знакот на еден исклучително важен сегмент на кинематографијата а тоа е грижата за нејзиното негување и сочувување.

– Поаѓајќи од фактот дека за една кинематографија е многу важно да се посвети внимание на негата и грижата за кинематографското наследство, годинава организираме трибина посветена на оваа тема – велат организаторите.

На трибината ќе учествуваат Владимир Ангелов, Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски. Трибината е од јавен карактер и е отворена за сите заинтересирани.

Насловна фотографија: Сцена од „Мирно лето“, Извор: Кинотека

Сподели