Трибина за македонскиот јазик во наставата

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи трибина на тема „Состојбите во современиот македонски јазик – македонскиот јазик во наставата“. Воведничари во трибината се Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, а излагачи се:

Славица Велева од Филолошки факултет, Оливера Тодороска и Марина Димитриева-Ѓорѓиевска од Бирото за развој на образованието, Ивана Лазаревска и Маријана Ѓоргиева-Ристевска пд скопската гимназија „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети од основното училиште „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова од школото „Петар Здравковски-Пенко“.

Трибината се одржува по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, а ја организира Катедрата за македонски јазик.

Сподели