Три предавања на Студентска уметничка пролет

Три предавања во рамките на Студентската уметничка пролет ќе се реализираат денеска на три различни факултети при УКИМ. Во 14 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет, предавање за Музикотерапија ќе одржи Јулијана Деспотоска. Еден час подоцна, во галеријата на Факултетот за ликовна уметност, предавање ќе одржи проф. д-р Мира Беќар. Нејзина тема ќе биде: „Музичките жанрови и општествените класи“.

Во 17 часот во концертната сала на Факултетот за музичка уметност предавање ќе одржи проф. д-р Вангел Ноневски на тема „Ремикс култура/уметност и нови медиуми”.

– Прослава на енергијата и младешката моќ преку универзалниот јазик на уметноста. До 26 април ќе ја истражиме богатата таписерија на музиката, литературата, филмот, преку студентскиот креативен дух, велат организаторите. Овој интердисциплинарен пристап и спој на различни уметнички факултети ќе ги претстави многуте облици на уметничката форма. За прв пат креираме патување низ институциите во кое студентите и професорите ќе ни ги доближат видовите на уметничко творештво на интегриран начин. Да се препуштиме на убавината, сетилата и емоциите на уметноста како главен двигател која не познава граници и да го доживееме креативниот студентски импулс – велат организаторите.

Манифестацијата на организираат Europe House Скопје во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Сподели