Во скопската Зоолошка градина се родија три волчиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели. Белата боја на крзното ќе ја добијат кога ќе пораснат.

– Мајката ги роди во дувло коешто сама го направи. Таму сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Волчињата се заедно своите родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Во многу земји на Европската Унија овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција – соопштија од Зоолошката градина.

Белите волци во Скопје пристигнале од Чешка во 2020 година. Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци.

– Овој вид на волци спаѓа во загрозените видови поради климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години – велат од Зоолошката градина.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.