Три филма неделава во Битола

Три флма ќе бидат прикажувани неделава во 3Д-киното во Битола – „Недела“, „Сенката на Караваџо“ и „Кутри нешта“.

Филмот „Кутри нешта“ е во режија на Јоргос Лантимос, а главните улоги ги толкуваат: Ема Стоун, Марк Рофало, Вилем Дефо, Реми Јусеф, Кристофер Абот и Џерод Кармајкл.

„Сенката на Караваџо“ е приказна за еден од најбрилијантните сликари на своето време, но и бунтовник против одлуките на црквата. Откако бил информиран дека делото прикажува проститутки, крадци и скитници, папата Павле Петти ѝ наредува на Тајната служба на Ватикан да го истражи уметникот.

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари.

Сподели