Документарниот филм „Тестамент на едно време“ ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во Кинотеката, во рамките на ревијата на Филмскиот фестивал на Североисточна Европа. Босанскиот филм беше прогласен за најдобар документарен филм. Веднаш по него ќе следуваат петминутниот филм на Иван Андреевски „Карантин“ и „Ритамот на падот“ на Ѓорѓи Митревски, филмови што добија награди за најдобар анимиран филм.

20-минутниот црногорски филм „Посета“ ќе биде на програмата на третиот фестивалски ден.

Ревијата ги презентира најдобрите филмски остварувања од годинешната селекција на програмата на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа Париз-Берлин-Вашингтон 2021. Станува збор за фестивал на 15 земји од Југоисточна Европа. Фестивалот го организира Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“– Скопје и нејзината подружница „ЕФА Продукција“ во партнерство со Универзитетот „Хумболт“ од Берлин, Универзитетот ИНАЛКО – Париз и Асоцијацијата SEE од Париз.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.