На сцената на лондонската сала „Барбикан“ синоќа владеаја двајцата виртуози – нашиот Симон Трпчески и Максим Венгеров, еден од најголемите виолинисти на сите времиња. За изведбата на дека од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел, тие добија стоeчки аплаузи и овации и дури три изведби. Нивниот последен настап беше лани на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел во Белгија. Ова е прв од неколкуте концерти што Трпчески и Венгеров ќе ги одржат годинава.

– Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ Класикс, Џон Фрејзер, ни зборуваше на двајцата посебно дека еден ден треба да се споиме на сцена, аналогно на нашите музички темпераменти и менталитети. По толку долго време, на наша лична иницијатива спонтано доаѓа до оваа соработка, која за мене претставува огромна чест и некаков врв во нашата професија, бидејќи се работи за човек што има создадено историја на многу млади години и остава длабока неизбришлива трага во историјата на интерпретативната уметност. Многу се радувам! – вели Трпчески.

Тандемот Венгеров-Трпчески на 20 јануари ќе настапи во „Карнеги Хол“ во Њујорк, а на 27-ми – на големата сцена на Париската филхармонија.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.