Во Домот на културата „25 Mај“ во Валандово вечерва во 19.30 часот ќе се одржи третото издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“. Ќе настапат десетмина реномирани поети и автори од Струмица, Валандово и регионот, познати на книжевната јавност. Најавен е и Петрос Голицис од Грција.
– Од исклучителна важност се ваквите книжевни манифестации кои се одговор на стратегиите за децентрализација на културата, а се реализираат за да се подигне духот на граѓаните, нивно позитивно анимирање и оттргнување од секојдневните проблеми со кои секој од нас се соочува – велат организаторите.
Манифестацијата на организира Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Општина Валандово.





