Третото издание на меѓународната конференција „Студии по англистика – интердисциплинарност во истражувањата и практиката“ (ЕСИДРП 2022) ќе се одржи онлајн утре и задутре. На конференцијата, во чиј фокус е интердициплинарноста, своите истражувања ќе ги претставаат околу 100 учесници од 15 земји. Организатори се членови на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

– Конференцијата ќе се состои од пленарни предавања на петмина истакнати професори од Австралија, САД, Полска, Германија и од Македонија. Ќе има панели, работилници, индивидуални и групни презентации и студентска сесија со постери. Темите на истражувањата се од областите на лингвистиката, преведувањето, книжевноста, применетите аспекти на јазикот, педагогијата, културата, филозофијата и вештачката интелигенција – велат организиатприте.

Посебно ќе се истакнуваат начините на кои наодите од една дисциплина може да укажат на некои незабележани перспективи во друга дисциплина и како истовремено тие се дополнуваат. Досегашните две изданија на конференцијата се одржаа во 2016 и 2019 година и беа оценети како квалитетни и инспиративни. Повеќе детали на следниот линк и на страницата на Фејсбук.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.