„Тома“ на Драган Бјелогрлиќ од вечерва во Битола

Тома во режија на Драган Бјелогрлиќ, биографски филм за југословенската легенда Тома Здравковиќ од вечерва во 20 часот ќе биде прикажуван во 3Д Кино во Битола. Главната улога ја игра Милан Мариќ, а во актерската екипа се и Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ и Сања Марковиќ.

Филмот е приказна за една душа која својата тага, страдање и среќа ја испеа во најубавите песни. „Тома е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци и врвот на славата, неговите љубови кои го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, како и односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на Југославија. Тоа е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот.

Филмот ќе биде прикажуван до 25 октомври во различни термини.

Сподели