„Телото наш идентитет“ – работилница за млади во Кочани

Работилница за млади на тема „Телото наш идентитет“ ќе се одржи денеска во 15 часот во библиотеката „Искра“ во Кочани. Нашето тело расте и се менува со текот на годините, но како да го прифатиме тој процес, за ова ќе зборуваат м-р Марина Гоцевска, професор по предучилишно образование и воспитување и магистер по психолошки науки и м-р Хилда Панов, професор по македонски јазик и магистер по ,,Менаџмент во образование и образовна политика”.

Работилницата ќе се реализира со поддршка на проектот Bodykind меѓународен партнерски проект во рамки на „Еразмус+“ програмата за млади, под водство на латвиската организација Piedildito sap yu istaba чешката организација Mission: Reconnect и „Вретено“ од Скопје.

– Секое тело е убаво, но како се чувствуваме во нашето тело? Како стереотипите, медиумите влијаат врз самодовербата и сликата за нашето тело. Препознавајќи ја различноста на телата можеме да забележиме дека секое тело е уникатно. Преку интерактивни активности ќе зборуваме за нашите тела, влијанието на социјалните мрежи и зајакнуваме на самодовербата и прифаќање на нашето тело. Како да изградиме позитивна слика за себе како личност? – вели Гоцевска.

 

Сподели