„Тела за еднократна употреба“ од Лара Рајхман во „Приватен принт“

„Тела за еднократна употреба“ е насловена инсталацијата од словенечката уметница Лара Рајхман кој вечерва во 19 часот ќе биде изложена во студиото „Приватен принт“ во Скопје. Во рамките на изложбата ќе се одржи и уметнички разговор меѓу Лара Рајхман и Тиа Чичек, кураторка и истражувачка од Љубљана, закажана за утревечер во 19 часот.

„Тела за еднократна употреба“ ги преплетува историските факти и фикцијата, црпејќи од приказната за жените вработени во опсерваторијата „Харвард“ кон крајот на 19 век, кои документирале и мапирале ѕвезди на ноќното небо. Видеоинсталацијата, со својата историска позадина и самата поставка, користи метафора и поетски наратив за да го постави прашањето кој останува запаметен и како телата стануваат алатки во системи базирани на податоци.

Лара Рајхман (1995) е визуелна уметница од Љубљана, Словенија, која работи во областа на видео, анимација и дигитална графика. Комбинирајќи историски фрагменти со фиктивни наративи, таа (пре)обмислува приказни за заборавени, избришани или недостижни места, како и фигури кои постојат на маргините на запишаната историја.

Изложба е дел од групната изложба „Светло минато е пред нас“ курирана од Илија Прокопиев и Марија Христова, првично создадена и поставена во галеријата „Шкуц“ во Љубљана во јуни 2025 година. Годинава се проектот се сели во студиото на „Приватен принт“ како дисперзирана програма од 5 мали самостојни изложби во текот на целата година. Изложбата ќе биде отворена до 26 март.

Сподели