Театарски перформанс „Малата принцеза од Скопје“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведен театарскиот перформанс „Малата принцеза од Скопје“ во продукција на „Авангарт“. Станува збор за авторски проект на актерката Енџи Николоска. Драматург е Христијан Крстевски, авторка на сценските движења е Милена Манева, музиката за перформансот ја направи Дина Јашари, сценограф и костимограф е Ведран Манев, соработничка – Ангелина Цветковска.

– „Малата принцеза од Скопје“ е една поинаква алтернативна визија со вметнување на сценски движења, етнолошки елементи, моменти од нашето секојдневие, сместени во една приказна за девојка од Скопје. Перформансот зборува за односите во семејството, со блиските, згодите и незгодите во општеството, за она што нè опкружува и како тоа влијае на нас – велат организаторите.

Во перформансот учествуваат и соработници од Словенија, Хрватска, Романија, Полска, Ерменија, Русија, Шпанија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Црна Гора.

Сподели