Претставата „Алиса и чудата“ театарот „Сенки и облаци“ ја изведе пред московската публика. На сцената на Московскиот детски театар на сенки, единствениот руски професионален државен театар за сенки што постои дури 80 години, од 12 до 15 ноември се одржа 3. Меѓународен фестивал на сенки. Фестивалот беше отворен со претставата Никогаш ненапишана приказна посветена на 200-годишнината од раѓањето на Фјодор Михајлович Достоевски.

Обете изведби на Алиса и чудата поминаа одлично, со полна сала публика, меѓу кои имаше и деца и возрасни, а за гостувањето се огласи и руската театарска критика:

Театарот од Македонија ја претставува магичната земја на чудата, измислена од Луис Керол, како простор на сенки во кој актерите и куклите дејствуваат подеднакво. Просторот е длабок и подвижен, па дури и одеднаш, и покрај сите алогизми, станува разбирлив, тогаш со текот на времето сè не е толку едноставно – туку се забрзува, па замрзнува“, напиша Алексеј Гончаренко.

Учеството на Сенки и облаци“ беше пренесено и во руските медиуми Вечерная Москва, Журнал Театр, Театрон, АртМосковия, Театрал“ и „Руската новинска агенција ТАСС, кои објавија свои текстови за театарското гостување. Гостувањето на Алиса и чудата во руската престолнина е поддржано од нашето Министерството за култура.

Во ноември традиционално се одржуваше Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки Сонот на облачеточие 10. издание е одложено напролет. Организаторот на фестивалот е театарот „Сенки и облаци“. Ова е најстариот театарски фестивал за деца во нашата држава и единствен од ваков тип во југоситочна Европа.

 

Фото: Театар „Сенки и облаци

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.