Во превод на Слободанка Поповска, деновиве излезе од печат книгата „Тажниот гостин“ од Матијас Наврат, во издание на „ТРИ“. Со тоа се комплетира едицијата „Читаме заедно“, проект поддржан од програмата „Креативна Европа“

Трагајќи по смислата и одговорите за суштината на животот и смртта, главниот јунак се бара себеси во непознат простор и полека, дел по дел, ја ослободува својата приказна. Се отвораат прашањата дали можеби во целата празнотија и самотија човек може да заборави на болката или сепак треба да научи да живее со неа, зашто таа е дел од животот на секој човек, исто како што се среќата и љубовта, тагата и меланхолијата, целокупното постоење.

Матијас Наврат е германски романсиер кој во 2012 година се наметна на европската книжевна сцена, а во 2020 година ја доби Европската награда за литература за „Тажниот гостин“. Станува меланхолична книга за современиот Берлин, која му овозможува на читателот да се претопи во неговото минато и да почувствува што е она што останало во сегашноста.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.