„Татко, мајка, сестра, брат“ на Џармуш од утре низ киносалите

Филмот „Татко, мајка, сестра, брат“ на режисерот Џим Џармуш, добитник на „Злaтен лав“ во Венеција, од утревечер ќе се прикажува во киносалите. Во Скопје ќе може да се гледа во „Синеплекс“, а во февруари и во Кинотеката. Станува збор за хумористична драма на еден од најзначајните американски независни филмски режисери, Џим Џармуш, кој се враќа со стил во форма на совршено конструиран филмски триптих. Филмот раскажува три различни, но тематски поврзани приказни за сложените односи меѓу возрасните деца и нивните емотивно оддалечени родители.

Секоја од приказните се одвива во денешно време и во различна земја – Италија, Франција и САД, задржувајќи го препознатливиот минималистички, духовит и меланхоличен стил на Џармуш. Филмот се истакнува и со исклучителна актерска екипа предводена од Адам Драјвер, Кејт Бланшет, Шарлот Ремплинг и Том Вејтс.

Сподели