Тамара Котевска во друштво на Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо …

Тамара Котевска учествуваше на затворен ВИП ручек и дискусија за филмот „Една битка по друга“, (One Battle After Another) на Пол Томас Андерсон, и имаше можност да се дружи со актерите: Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити, Регина Хал. Како член на Академијата и гласач, Тамара Котевска беше единствениот претставник на документарни филмови меѓу 30тината избрани и поканети холивудски гласачи на ВИП ручекот и дискусија со холивудските актери од One Battle After Another, кој годинава е во трката за „Оскари“ и има најмногу номинации за „Златен глобус“.

Настанот започна со дискусија на актерите Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити и Регина Хал кои од прва рака ги раскажуваа своите приватни доживувања за време на снимањето. Тие од снимањето и соработката со генијот Пол Томас Андерсон споделија хумористични детали пред одбраната публика која се состоеше од познати актери и режисери.

Тамара Котевска сподели дека лично поразговарала со Леонардо кој многу добро се сеќавал на „Медена земја“ и на Котевска со која ја делеа сцената во центарот на првиот ред на фотографијата од номинираните во 2020. Тој е силен поборник на документарци за екологија и природа, а оваа година како продуцент преку Di Caprio Fondation повторно има свој кандидат кој е во трката за „Оскари“, а чиј режисер е Австриецот Ричард Ладкани, инаку заеднички пријател на
Котевска и Ди Каприо. Тој бил љубоипитен за да дознае повеќе за успехот и пробивот на кампањата на “Приказната за Силјан”.

Меѓу другото, Котевска имаше можност да поразговара и со Бенисио Дел Торо и со Тијана Тејлор која како главниот бунтовник во филмот исто така пројавила огромна желба да го гледа документарецот на Котевска кој носи слични тематики на правда и бунт кон неправедниот систем.

– Да се градат односи и пријателства низ годините со холивудските ѕвезди кои ми биле најголемо влијание како дете да се посветам на филмската магија е како некаков чуден сон кој од секогаш се чинел недостижен. Но, кога си таму со нив во
истата малечка просторијата, делиш оброк заедно и гледаш колку се тоа обични луѓе кои минуваат низ истите трауми, искушенија, несигурности и притисоци со секој нов филм, како и сите ние останати филмаџии на планетава, тоа е едно
посебно чувство кое ги руши сите предрасуди и бариери дека нешто е невозможно да се достигне – изјави Котевска.

Сподели