Талентирани млади учествуваа на стрип работилница

Едукативна стрип-работилница со талентирани млади се одржа во селото Нежилово. Работилницата ја организира Стрип центарот на Македонија од Велес, во рамките на проектот All we are saying is give inclusion a chance, кој е дел од програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе од различна етничка припадност преку создавање стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата. Од работилницата ќе бидат организирани неколку изложби.

Сподели