За да ја доближи постојаната поставка до слабовидните и до лицата со оштетен вид, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изработи десет тактилни слики, проследени со опис на Брајово писмо, фотографија и текст. За секоја секција од поставката во Меморијалниот центар на холокаустот, за глувите и наглувите посетители подготвени се видеа на знаковен јазик и аудиоприказни преку кои ќе слушнат и дознаат повеќе информации, без оглед на попреченоста.
– Секоја секција од поставката е претставена со текст на Брајово писмо. Така посетата на Меморијалниот центар и восприемањето на приказната за постоењето, животот, холкаустот и повторното раѓање на Еврејската заедница на овие простори е достапна и за овие категории посетители – велат од Фондот.

Изложбата е насловена „Еден час – 1 Hour“, симболика која произлегува од потребата на лицата со попреченост да имаат час повеќе при посета на музеите. Истовремено англиското име на изложбата е акроним кој се поврзува со содржината на изложбата наменета за оваа категорија на посетители.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.