СВП го објави конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“

Поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија. Книгата треба да е објавена на македонски јазик од 1 јуни 2023 до 31 мај 2024 година.

– Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во која што поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно не е превод од друг јазик – велат од СВП.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот. Конкурсот е отворен до 25 јуни 2024 година.

Повеќе информации на линкот.

Сподели