Светски познатиот нутриционист Нил Едвард Левин учествуваше на симпозиум за лекари во Скопје

Познатиот американски нутриционист Нил Едвард Левин – директор на Американската асоцијација на нутриционисти, го сподели своето искуство и одржа предавање на симпозиумот на Здружението на лекари по општа семејна медицина. Левин говореше на тема „Нутритивна поддршка на мозокот и меморијата“ на симпозиумот, што е посветен на ургентните состојби во семејната медицина.

– Имам информации кои би можеле да бидат корисни за лекарите за начинот на кој функционира мозокот, хранливите материи што му се потребни на мозокот, начинот на кој одредени диети влијаат на мозокот. Исто така говорев и за специфични хранливи материи, Омега-3, витамин Д, амино киселини, витамини и минерали, кои ја покажуваат нивната улога во здравјето на мозокот. Како што старееме треба да ја одржуваме функцијата на нашиот мозок и нашето ментално здравје. Се надевам дека со прикажување на некои од студиите и доказите, докторите ќе имаат нови алатки што можат да ги користат за да го одржат здравјето на своите пациенти – вели Левин.

Нил Едвард Левин е сертифициран клинички нутриционист за напредна нутриционистичка лабораториска проценка. Тој е едукатор за исхрана, формулатор на додатоци во исхраната и професионален член на Меѓународните и Американските здруженија на клинички нутриционисти. Во јули 2008 година, Левин ја доби престижната награда Industry Champion, која им се доделува на луѓе кои дале забележителен индивидуален придонес во индустријата.

Нил Едвард Левин исто така е виш менаџер за едукација за исхрана во NOW® Health Group, една од најголемите и најстарите компании во индустријата за природни производи.

– NOW е уникатна семејна компанија. Ние сме најголемата независна компанија за додатоци во САД. Одлуките што ги носиме се одлуки на долг рок и тоа претставува стратешка предност за нас. Исто така, ние носиме одлуки врз основа на семејните вредности. Семејството верува во ,,златното правило’’ кое гласи дека не би произведувале и продавале производи што не би ги однеле дома кај нашите семејства. Ние сме уверени во нивниот квалитет и безбедност. Не даваме напразно ветувања за тоа како точно производите ќе придонесат. Зборуваме само кога сме поткрепени со докази што ги имаме – велат од NOW.

Левин е автор на книги и голем број научни публикации за тоа како начинот на исхрана помага во одржувањето на здравјето на организмот. На неговиот блог често објавува различни цитати, фотографии, информации за различни суплементи и додатоци во исхраната, пишува за важноста на нутриционизмот, како и светски новости во овој сегмент.

Сподели