Светски познатиот диџеј Махмут Орхан утревечер во Арената „Борис Трајковски“

Светски познатиот турски диџеј и продуцент Махмут Орхан ќе настапи утревечер во 19 часот во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Неговиот настап ќе ги спои софистицираниот електронски звук и пулсирачката енергија на најдобрите светски клубови во рамки на настанот именуван како Mahmut Orhan – The Arena Experience. Организатор е „Мјузик ритуалс“.

Препознатлив по спој на електронска музика, ориентални мотиви и длабоки мелодии, Махмут Орхан зад себе има настапи на најпрестижните светски фестивали и арени. За македонската публика подготвува специјално креиран арена-сет, придружен со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и целосно имерзивно аудио-визуелно доживување, какво што ретко се гледа на домашната сцена.

„Со овој проект сакаме да подигнеме нови стандарди за големи музички настани кај нас. Махмут Орхан е артист кој носи светска продукција и визија, а наша цел е публиката да го доживее тоа на највисоко можно ниво“, истакнуваат од Music Rituals, тимот кој стои зад некои од најпрепознатливите електронски настани во земјата.

Сподели