Со концерт на „Мојра“ и настап на диџејот Кукгфулиш, утревечер во кафе-книжарницата Литератира.мк во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на радиото.
Музичкото дуо „Мојра“ е составено од Дарко Јованов и Јасна Трпкова. Нивните настапи се опишувани како хипнотизирачки, магични, етерични и вонземски.
– Проектот „Мојра“ е обликоменливо струење од хипнотизирачки сонични нишки оптегнати од древното преку земното до волшебното – велат организаторите.





