Imaginarium Journals ќе ја додели цела заработка од овој месец за лекување на малиот Дамјан која има Бета таласемија мајор. Тој веќе имал успешна трансплантација на матични клетки, но лекувањето мора да продолжи уште 3 месеци во болницата „Аџибадем“ во Истанбул, а тоа чини 60.000 евра.
– Заедно да помогнеме Дамјан да се врати дома силен и здрав и да има безгрижно детство – велат од Imaginarium Journals.
Денеска е 19 август, Светски ден на хуманоста. Информации за директна донација:
Стопанска банка:
200003998369286
IBAN MK:
07200003998371323
Swift code: STOBMK2X





