„Сувенир“ од природата од Милко Нестороски во Прилеп

„Сувенир“ е насловот на изложбата од Милко Нестороски отворена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Тој се претстави со 15 дела изработени од природни материјали.

– Делата ги нареков сувенири бидејќи претставуваат спомени од природата. Раскажуваат за изобилството на форми на природата и убавината која може да биде пронајдена во нив, од која се повеќе денешното општество е оддалечено, а ја консумира естетиката на масовно произведените предмети, па и сувенири – вели уметникот, кој живее и твори во Струга.

Сподели