Студирај сега, плаќај по вработување! Бреинстер Некст колеџ почна со упис на нови студенти

1,2 милиони евра е новата инвестиција на практичниот ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) кој повторно им ја нуди уникатната финансиска поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“ на сите студенти и за новата уписна година. Веќе трета година по ред, факултетот на сите студенти им нуди можност да го завршат факултетот без да платат денар, а да почнат со исплаќање на школарината по дипломирањето или вработувањето, на рати и без камата.

Генералниот менаџер на Бреинстер Некст колеџ, Александар Клашниновски вели дека целта на овој модел на студирање е да им овозможат на најдобрите матуранти пристап до квалитетно и практично ИТ-образование, без разлика на финансиските можности.

– Овој модел ја демонстрира и довербата што ја имаме не само во нашите студенти туку и во квалитетот на сопствените студиски програми. Сигурни сме дека нашето уникатно и практично образование ќе ги опреми сите дипломирани студенти со релевантно знаење за потребите на ИТ-индустријата – вели Клашниновски.

Тој потенцира дека дури 58 отсто од досега запишаните студенти на Бреинстер Некст колеџ, ја користат оваа финансика поволност.

Факултетот има образовна методологија креирана согласно потребите на глобалната ИТ- индустрија. Фокусот е на праксата со цел студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ и технолошките компании. Работа на реални проекти и пракса во ИТ-компании, целосно имплементиран предмет во соработка со компанија партнер од индустријата, учество на хакатони на кои за 48 часа прават апликации се само дел од предизвиците со кои се соочуваат студентите уште во првата година.

Приемниот тест за упис, како основен услов за студентите да се стекнат со поволноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ е веќе отворен и ќе биде достапен до крајот на март.

Тој важи за упис и на двете студиски програми – Софтверско инженерство и иновации и Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии.

Сподели