Студио за илустрација на „Ефектива“ ќе регрутира млади таленти

Со повеќе од 12 години искуство во визуелната комуникација и иновативни проекти и кампањи, маркетинг агенцијата „Ефектива“ најавува основање студио за илустрации. Со тоа ќе продолжи да креира успешни проекти во областа на маркетингот. „Ефектива“ се истакнува со својата креативност и уникатниот пристап во кој вклучува и уметност.

– Одлуката за отворање студио за илустрации е природна еволуција во нашата мисија да  понудиме на пазарот илустрација која е една од основните елементи за квалитетна визуелна комуникација – потенцира Софија Семенпеева-Трајановска, директор на „Ефектива“.

Квалитетна маркетинг стратегија и визуелна комуникација се столб за успешно реализирање проекти, нагласуваат оттаму.

„Сега, нашата главна фокусна точка е регрутирањето на нови млади таленти кои ќе добијат врвна едукација и шанса за развој. Овој ангажман е од суштинско значење за нас, бидејќи веруваме во инвестирањето во следното поколение на креативци и професионалци. Ние ги гледаме овие нови таленти како инвестиција во нашата иднина и сме посветени да им ги обезбедиме потребните алатки и ресурси за нивниот успешен развој и напредок“, истакнува Семенпеева-Трајановска.

Маркетинг агенцијата „Ефектива“ ги отвори вратите и за меѓународни проекти, за што се особено горди. Оваа нова етапа од нивната работа не само што отвора врати кон глобалната сцена, туку и им обезбедува можност да ги применат нивните креативни вештини и идеи на различни пазари и култури. Тие се чувствуваат привилегирани бидејќи имаат можност да соработуваат со клиенти од различни делови на светот и да создаваат заеднички успеси.

Од особена важност е квалитетната визуелна комуникација, бидејќи преку неа се развива визуелната култура. Најважно е да се охрабрат компаниите и да ја разберат важноста од квалитетна визуелна комуникација, сметаат од „Ефектива“.

Со многубројни креативни проекти во своето портфолио, Ефектива се разликува по своите иновативни пристапи и смели проекти. Студиото за илустрација ќе ја надополни палетата на услуги по кои се издвојуваат на пазарот.

Сподели