Студентски филмови, изложба, перформанси, музика во Сули ан во чест на Денот на уметноста

Повеќе од 40 ликовни дела на студентите од Факултетот за ликовна уметност и проекции на неколку студентски филмови во продукција на Факултетот за драмски уметности ќе бидат дел од богатата еднодневна програма што во чест на Светскиот ден на уметноста ја организира Europe House Скопје во Сули-ан во Старата скопска чаршија. Настанот ќе почне во 14 часот, а влезот е слободен. Програмата е реализирана во соработка со студентите од Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за драмски уметности.

Освен проекција на филмови, ќе следуваат и перформанси, разговори на тема уметност и култура, сето тоа проследено со многу музика. Повеќе детали за истиот може да дознаете преку следниот линк.

Светскиот ден на уметноста се слави секоја година на 15 април, со цел да го промовира развојот, разноликоста, распространетоста и уживањето во уметноста. Под покровителство на УНЕСКО, денот има за цел да ја подигне свеста за креативните активности ширум светот.