За 3.000 денари повисоки стипендии ќе добијат околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години. Досега земале 3.000 денари, а отсега ќе земаат 6.050 денари.
Од Министерството за образование и наука велат дека со оваа одлука ја потврдиле заложбата за еднаквост и грижа за студентите. Корисниците на стимендија во текот на идната недела ќе бидат информирани како да го регулираат ова право.