Студентите организираат јавна дебата за субвенционирниот оброк

Измената на Законот за субвенциониран студентски оброк е тема на јавната дебата што ќе се одржи утре во 14.30 часот во амфитеатарот на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дискусијата ја организира Универзитетското студентско собрание (УСС), а целта е да се дискутираат актуелните предлози и да се изнесат ставовите на студентите.

– Како УСС, стоиме на ставот дека наместо зголемување на субвенционираниот оброк за 20 денари на ден, треба да се приоритизира проширувањето на мерката, со што би се опфатиле вработени студенти и студентите на втор циклус на студии. Веруваме дека ваквото проширување ќе има значителен придонес за поддршка на студентите и подобрување на нивниот животен стандард – велат од УСС.

Вашето присуство и активно учество на оваа дебата е од клучно значење за продуктивна дискусија и заедничко изнаоѓање на најдоброто решение.

Пријавете се на линкот.

Насловна фотографија: Архива

Сподели