Субвенциониран студентски оброк ќе има по старите критериуми и ќе се исплаќа до 15 март 2023 година, одлучено е денес по расправата на собраниска комисија, на која учествуваа и претставници на студентските тела.
– Обезбедено е сите студенти кои досега беа корисници на Студентски оброк и понатаму да останат. Притоа универзитетските собранија ќе бидат дел од работните груши кои тееба да го креираат системското решение на законот најдоцна до 15 март 2023 година. Битката е добиена, војната не! Борбата за подобар студентски стандард и образование продолжува. Оваа победа е искрена и им припаѓа само на студентите и никому друг – велат од Универитетското студентско собрание при Универзиетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

За време на расправањето на комисијата, пред Собранието стотина студенти обединети под „Студентски отпор“ протестираа со транспаренти – „Се тресеме од студ, не од страв“, „Од капитализам до канибализам“.
По средбата со студентите, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека сите заедно одлучиле да се предложи нов предлог-закон во кој ќе влезат условите од постојниот закон од 2021, а веќе од утре тој со претставници на студентските унии активно да работат на наоѓање системско решение како во другите земји.
-Предлог-законот ќе биде во временски период од шест месеци, што значи ретроактивно од 15 септември и ќе продолжи до март и дотогаш ние ќе имаме временски рок на усогласување за новото системско решение кое ќе значи дека студентите ќе добиваат здрав студентски оброк и ќе се реализира исплатата на дневна основа. Во овој период се договоривме ретроактивно за вредноста што беше досега, со измените од 2021 година, а во наредниот период со системското решение ќе биде повисока сумата за студентскиот оброк. Значи од март ќе биде повисока и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до тој период – рече Шаќири.





