Студенти решаваа предизвици на тема дигитализација и воведување на вештачката интелигенција во високото образование

Дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција во високото образование, како и за можностите за поддршка од јавните институции во креирање на работни места на иднината, но и вклучувањето на студентите во носењето на одлуки на централно и локално ниво беа дел од темите што се работеа на семинар што се одржа од 25 до 27 јануари во Охрид. Националната агенција за европски образовни политики и мобилности ја организираше средбата со претставници од универзитетските студентски собранија, каде работејќи во групи, решаваа различни предизвици, даваа идеи и нудеа решенија.

Студентите имаа можност да ги презентираат сопствените резултати и заедно да продолжиме во креирање на услови за прилагодување кон глобалната трансформација. Националната агенција продолжува и во иднина да биде партнер на студентите, додека програмата Еразмус+ нуди отворени можности за подобрување на вештините и конкурентност на пазарот на труд.

– Глобалните текови забрзано ја наметнаа употребата на дигиталните алатки и развојот на вештачката интелигенција кои директно ќе влијаат на идните работни места.  Во годината повторно прогласена за #EuropeanYearOfSkills заедно со студентите работиме на процеси кои ќе овозможат унапредување на вештините, градење на нови компетенции преку континуирано учење кои ќе придонесат кон полесно прилагодување на пазарот на труд, конкурентност, но и поквалитетни и подобро платени работни места за младите – велат од Агенцијата.

На семинарот се вклучија и: проф. д-р Ежени Брзовска од Економскиот факултет-Скопје, проф. др Благоја Ристевски од Факултетот за информациски и комуникациски технологии од Битола и м-р Бојан Кордалов, специјалист комуниколог, за посветеноста и отвореноста да работат со студентите за прилагодување кон новите дигитални предизвици.

Сподели