Студенти работеа на првиот тркачки болид во Македонија

Дваесет студенти од Машинскиот факултет во Скопје работат на изработката на првиот тркачки болид во Македонија. Паола Укајдари, Никола Талевски и Масимо Тасевски се дел од тимот чија страст е да го изградат првиот македонски тркачки автомобил. Во просториите на Europe House Скопје се одржа првиот натпревар во кој 6 тима од студенти работеа на иновирање и оптимизација на аеродинамичните карактеристики на тркачки автомобил.

Своито искуство на студентите им го пренесе македонскиот најуспешен натпреварувач во автомобилски трки, Игор Иџе Стефановски. Настонот продолжи во Inno Fab Lab – првата лабораторијата за производство и прототипирање. Најуспешните 3 тима изработија 3 прототипа на болиди со аеродинамични компоненти кои ќе бидат тестирани во лабораторијата за аеродинамика при Машинскиот факултет.

Фото: Europe House Скопје

Сподели