Студенти по археологија од Македонија и Србија ја посетија Билазора

Посетата на Билазора кај селото Кнежје, Светиниколско беше уникатна можност за учесниците на 2. Летна школа „Европско и балканско културно наследство“ да истражуваат на терен и да научат повеќе за древната историја и археологија на регионот. Вчера заврши школата што ја организираат Филозофските факултети од Скопје и од Белград.

– На учесниците им беа доделени сертификати за успешно завршен курс, што ја потврдува нивната ангажираност и учество во истражувањето на културното наследство на Европа и Балканот преку различни академски и теренски активности. Сертификатите им претставуваат признание за нивните достигнувања и ангажман во образовниот процес на школата – велат организаторите.

Школата е наменета за студенти на додипломски, магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет во Скопје и Белград од сите студиски програми.

Фото: Филозофски факултет Скопје

Сподели