Студенти од ФДУ учествуваа на фестивалот „Диониз“ во Ѓаково, Хрватска

Студенти од Факултетот за драмски уметности од Скопје учествуваа на 15. Меѓународен фестивал „Диониз“, што се одржа во Ѓаково, Хрватска од 23 до 27 март. Ментори на студентите беа д-р Сузана Киранџиска и вонреден проф. д-р Кристина Леловац. Тие изведоа сцени од драмите на Чехов по испитот од предметот Актерска игра, трет семестар.

Целта на програмата на македонските студенти е да се развијат способностите на студентите за анализа на текст и развивање (градење) драмски лик. Поконкретно, запознавање со системот на К. С. Станиславски, како темел врз кој се развиваат други современи методи во светската театарска пракса.

Учествуваа: Марија Бреслиска, Мартина Даниловска, Андреј Димовски, Талија Ѓорѓиева, Наум Ѓорѓиески, Мина Јелушиќ, Ангела Лефкова, Марко Младеновиќ, Димитар Пасковски, Христијан Ристески и Марија Талеска.

Македонските студенти учествуваа на фестивалот заедно со стотина студенти од театарските академии од Хрватска, Романија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Австрија.

Фото: Силвија Бутковиќ

Сподели