Краткиот филм Stuck Together од нашата мултимедијална уметница Тања Балаќ е номиниран за награда на годинашното издание на Санторини филм фестивал. Фестивалот се одржува на истоимениот остров во Грција, а се доделуваат награди во 12 категории. Филмот на Балаќ е номиниран во категоријата најдобар краток експериментален филм.

Тања Балаќ е родена 1968 година во Скопје. Дипломира во 1991 година на Факултетот за ликовна уметност во родниот град. Во 2003 година реализирала студиски престој во Париз. Од 1991 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, со кое раководеше неколку мандати. Реализирала повеќе од 30 самостојни изложби, а учествиувала на многу групни претставувања. Нејзиниот творечки опус опфаќа слики, цртежи, инсталации, видео и арт-перформанс.





