Продолжува штрајкот во училиштата, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков. Од вкупно 480 синдикални организации, 388 биле „за“ продолжување на штрајкот, а само 83 биле за прекинување на штрајкот и продолжување на наставата. Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот во основното и во средното образование продолжува и во текот на утрешниот ден сè до наоѓање на заедничко прифатливо решение помеѓу Синдикатот и Владата, рече Неделков.

Штрајкот во градинките ќе се стави во мирување и од утре тие ќе почнат редовно да работат поради барањето на големиот број градинки да продолжат со работа во интерес на родителите и децата.

Доколку не се постигне договор, СОНК закажа генерален протест пред Владата на 4 мај.

Фотографија: Јутјуб/Канал 5

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.