Со филмот „Страхиња Бановиќ“ на Стефан Арсенијевиќ, вечерва во 20 часот во киното „Милениум“ ќе започне Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Филмот на Арсенијевиќ (As far as I can walk) е актуелен победник на престижниот фестивал од А-категорија – Карлови Вари, а е копродукција помеѓу Србија, Луксембург, Франција, Бугарија и Литванија. Пред проекцијата на филмот, на актерот Мето Јовановски ќе му биде врачена наградата за особен придонес во филмската уметност.

Во 22.30 часот ќе бидат прикажани два кратки филма „Последната светлина“ на Јован Саркањац и „Wrinkled“ на Горан Димов и Илија Ѓоргиев. Од меѓународната конкуренција во 22.40 часот ќе започне „Аматери“ на Ивона Сикерзинска.

Покрај филмовите кои се дел од натпреварувачката програма, годинава во фокус се и филмови од Ирска, Франција, Австрија, ќе бидат прикажани и филмови од „Лукс програмата”, како и краткометражни македонски и странски филмови.

Сите филмови освен на отворањето ќе се прикажуваат во Кинотеката. Целосната програма можете да ја видите на линкот.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.