Третата стихозбирка на Катерина Гогова деновиве излезе од печат во издание на „Ми-Ан“ од Скопје. Книгата содржи над педесет песни, поделени во два циклуса.

За книгата, Снежана Стојчевска ќе напише: „Пред нас имаме исклучителен поетски ракопис. Ако првата книга „Актите се кастрирани“ е олицетворение на огнот, а втората книга „Пад во немирна вода“ олицетворение на водата, тогаш „Сонцестој“ е воздух, небо на кое сонцето изгрева и заоѓа. Нејзините стихови се во склад со природата, промената на годишните времиња и природните еле-менти. Сонцестој како термин се употребува во астрономијата и всушност претставува позиција на сонцето во одредени денови од годината. Зимскиот сонцестој претставува најкраткиот ден во година-та, додека пак летниот сонцестој претставува најдолгиот ден во годи-ната. Наједноставно кажано сонцестој е најкусиот и најдолгиот ден. Од тука произлегуваат поднасловите на двата дела „Темницата стои на другата страна: најдолгата ноќ“ и „Најдолгиот ден: копнеж за пол-ноќно сонце“.

Катерина Гогова (1989) пишува поезија и кратка проза. Нејзината дебитантска поетска збирка во издание на „Современост“ од 2018 година носи наслов „Актите се кастрирани“. „Пад во немирна вода“ е нејзината втора поетска книга и со неа ста-нува десеттиот носител на признанието „Бели мугри“ за 2018 година кое го доделува Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

Со избор поезија е застапена во антологиската збирка „Метрички карван“ (ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија, 2017, 2018, 2019, 2020), нејзина поезија е објавена и во зборникот „Креативни точки“ (МИ-АН, 2018), во монографијата „Астални проекции (Бегемот, 2018)“, во графичката арт панорама „Допир“ (ЗЛУКР Арт Еквилибриум, 2019), и во други фестивалски изданија.

Дел од нејзината поезија е преведена на српски, хрватски, слове-нечки, бугарски, албански, италијански, германски и англиски. Српски превод од нејзина поезија и кратка проза е објавен во 41-то издание на зборникот „Рукописи“-Панчево (Дом на млади Панчево, 2018), со поезија во препев на словенечки е објавена во „Непар“, двојазичен антологиски избор на свежа македонска литература (Македонско културно друштво Македонија-Љубљана, 2019), со поезија во албански препев е застапена во фестивалската антологиската збирка „Денови на Наим“ (2019) и со препев на германски во австриското списание „Литература и критика“ (2020).

Работи препеви поезија од српски, хрватски и англиски на македонски јазик.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.