Револуционерната сага на Пол Томас Андерсон „Една битка по друга“ (One Battle After Another) ги освои главните награди на 83-те „Златни глобуси“, во категоријата комедија, додека драмата „Хамнет“ (Hamnet) на Клое Жао, ја освои наградата за најдобар филм, драма.
„Една битка по друга“ ја освои наградата за најдобар филм, комедија, наградата за најдобра споредна женска улога на Тејана Тејлор, како и за најдобра режија и најдобро сценарио за Андерсон. Тој е само вториот режисер кој освоил награда за режија, сценарио и филм, како продуцент, на „Златните глобуси“. Претходно, само на Оливер Стоун, за „Роден на 4 Јули“, му успеа тоа.

Екипата на „Хамнет“
Филмот на Андерсон беше во конкуренција со силните: Сина месечина, Бугонија, Супериорниот Марти, Нема друг избор и Нов бран.
„Хамнет“, драма за Вилијам и Агнес Шекспир, базирана на бестселерот на Меги О’Фарел, победи во категоријата драма кратко откако нејзината ѕвезда, Џеси Бакли, ја освои наградата за најдобра актерка во драма. Вилијам Шекспир го игра Пол Мескал, а меѓу продуцентите се и Сем Мендес и Стивен Спилберг.
Тимоте Шаламе го освои својот прв „Златен глобус“, една недела по добивањето н наградата „Избор на критичарите“.
Тој победи во конкуренција на: Џорџ Клуни („Џеј Кели“), беа и Леонардо Ди Каприо („Една битка по друга“), Итан Хоук („Сина месечина“), Ли Бјунг-Хун („Нема друг избор“) и Џеси Племонс („Бугонија“).

Стелан Скарсгард
Шведскиот актер Стелан Скарсгард ја доби наградата за најдобар спореден актер во норвешкиот филм „Сентиментална вредност“. Тој упати порака филмовите да се гледаат во кино.
-Кога ќе се изгаснат светлата, тогаш започнува магијата. Местото на филмот му е во киносалите – рече Скарсгард.
„Адолесценција“, серијата на „Нетфликс“ беше прогласена за најдобра мини-серија. Главната ѕвезда на серијата, Стивен Греам, го освои Златниот глобус за најдобар глумец, повторувајќи го својот успех со наградите „Еми“, а историскиот момент го обезбеди Овен Купер, кој на 16-годишна возраст стана најмладиот добитник на „Златен глобус“ за најдобар спореден глумец. Успехот на серијата го заокружи Ерин Доерти, која го освои „Златниот глобус“ за најдобра споредна женска улога.





